Гаранцијата од Светска банка ни заштеди 30 милиони евра

Bez autora
Nov 23 2011

Македонија доби заем за финансирање на Буџетот за годинава и следната година од Дојче банка, Сити банка и Светска банка во износ од 130 милиони евра од кои 100 милиони се гарантирани од страна на Светска банка. Заемот, со основна каматна стапка од 4,25 проценти, која заедно провизијата кон Светска банка од 0,5 отсто годишно и 1,3 отсто кон Дојче банка и Сити банка во моментов изнесува 4,8 отсто, ќе биде отплатен еднократно пет години по денот на повлекувањето на средствата. Договорот беше официјализиран вчера во Министерството за финансии. Ова е далеку најдобрата финансиска понуда што можевме да ја добиеме. Со ниската каматна стапка и со поддршката што ја добивме со гаранцијата на Светска банка успеавме да заштедиме меѓу 25 и 30 милиони евра што во камати Македонија би морала да ги плати доколку ја немавме гаранцијата. Средствата ќе помогнат да се подобри ликвидноста на Буџетот и да се исфинансираат бројните капитални проекти.

Гаранцијата од Светска банка ни заштеди 30 милиони евраМакедонија доби заем за финансирање на Буџетот за годинава и следната година од Дојче банка, Сити банка и Светска банка во износ од 130 милиони евра од кои 100 милиони се гарантирани од страна на Светска банка.

Заемот, со основна каматна стапка од 4,25 проценти, која заедно провизијата кон Светска банка од 0,5 отсто годишно и 1,3 отсто кон Дојче банка и Сити банка во моментов изнесува 4,8 отсто, ќе биде отплатен еднократно пет години по денот на повлекувањето на средствата.

Договорот беше официјализиран вчера во Министерството за финансии.

- Ова е далеку најдобрата финансиска понуда што можевме да ја добиеме. Со ниската каматна стапка и со поддршката што ја добивме со гаранцијата на Светска банка успеавме да заштедиме меѓу 25 и 30 милиони евра што во камати Македонија би морала да ги плати доколку ја немавме гаранцијата - рече Ставрески. Средствата ќе помогнат да се подобри ликвидноста на Буџетот и да се исфинансираат бројните капитални проекти.

- Очекувам помал дел од средствата да бидат искористени до крајот на годинава, а повеќето да останат за првите неколку месеци од наредната година. Годинава се реализирани 75 отсто од капиталните инвестиции што е за околу 20 процентни поени повеќе од лани - појасни Ставрески.

Директорката на Kанцеларијата на Светска банка во Македонија Лилија Бурунчук истакна дека гаранцијата ги поддржува реформите кои ќе помогнат во намалувањето на идните ризици за стабилноста преку зајакнување на одржливоста во јавните финансии и отпорноста на финансискиот сектор.

- Гаранцијата заснована на политики се дава на земји кои имаат постигнато успех на полето на макроекономската политика каква што е и Македонија. Тоа и управувањето со социоекономските реформи ја става Македонија во поповолна позиција во споредба со други земји од регионот - рече Бурунчук.

Според неа, гаранцијата ја поддржува и подобрената заштита на најранливите и ~ овозможува на Владата да позајмува во време на глобалните финансиски превирања под прифатливи услови и од различни финансиски извори.

Претставникот на Дојче банка и Сити банка Бен Добсон нагласи дека разговорите за заемот биле тврди и цврсти, но завршиле на добар начин за многу кратко време.

- Мислам дека ова е вториот заем што Светска банка го доделува врз основа на договор за гаранција заснована на политики. Сметам дека е голем успех за Македонија да се потпише ваков договор за заем во моменталните услови кои владеат на пазарите - рече Добсон.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik